Меѓу присутните беше познатата актерка Цветана Манева, генерал Михо Михов, поранешен шеф на воздухопловните сили, кој беше амбасадор на Бугарија во Северна Македонија, одбојкарот Владимир Николов, уметникот Греди Аса, познатиот филмски режисер Стефан Командарев, уметникот Иван Токаџиев….
Како што јави дописникот на МИА од Софија, поранешниот амбасадор на Бугарија во Скопје Михов, изјави дека неговите симпатии за Радев се разбирливи, дека тој е колега со Радев, бидејќи заедно, летајќи, надминувале ризични ситуации.
–Се вклучив во иницијативата затоа што во последниве години, гледајќи ја политиката во Бугарија и конкретно претседателската двојка, тие го заработија моето одобрување. И мислам дека како граѓанин, како личност која се грижи за тоа што се случува во Бугарија, моја должност е да ја изразам својата поддршка за светлиот пример што го добиваме во средината што не опкружува, рече одбојкарот Владимир Николов.
–На човечки план, јас чисто гледам дека ова е човек кој цврсто оди по земјата, а инаку лета во мислите, рече Греди Аса.
Меѓу присутните во салата беа Филип Станев и пратеникот Станислав Балабанов од „Има таков народ“, и поранешниот министер за надворешни работи на БСП, Кристијан Вигенин и заменик-претседателот на БСП, Ирена Анастасова, како и високи претставници Јана Балникова и Деница Симеонова од новата коалиција „Промената продолжува“, создадена од двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев.