– Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на Македонија во Руската Федерација, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што и беше врачена нота, со која се прогласува за персона нон-грата вработен во Амбасадата на Македонија во Москва“, се вели во соопштението на Министерството.
Оваа мерка е одговор на одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје, се објаснува во соопштението.
Министерството за надворешни работи на Македонија протера руски дипломат на крајот на мај. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки.