Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната во Украина. Пораката ја упати пред почетокот на општата дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесе „Ројтерс“.

Општата дебата на 81. сесија на Генералното собрание започна денеска во седиштето на ОН во Њујорк. Заседанието ќе трае до 28 септември, со пауза во текот на неделата.

Светските лидери разговараат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.

Соединетите Американски Држави, како земја домаќин, се меѓу државите чии лидери се обраќаат пред Генералното собрание во рамки на општата дебата.

Трамп денеска се обрати пред светските лидери, а меѓу повеќето меѓународни прашања во фокусот на неговото обраќање беше и војната во Украина.