Во Русија се уште е ниска стапка на вакцинација, со околу 30 проценти целосно вакцинирани од 146 милиони жители. Од почетокот на пандемијата во Русија се евидентирани вкупно 212 илјади смртни случаи, но според многу аналитичари и критичари бројките се многу поголеми од официјално соопштените.

Русија официјално регистрираше повеќе од 7,6 милиони инфекции со коронавирус, што ја прави петта земја во светот најтешко погодена. Земјата бележи пораст на евидентирани случаи во изминативе два месеци.

И покрај порастот на инфекции и смртни случаи на коронавирус, руските власти не воведоа големи ограничувања. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека целонсо затворање на земјата ќе биде „ апсолутно непосакувано сценарио за целиот регион“.