Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика амбасадорите на Летонија, Естонија и Литванија за да им најави протерување на дел од нивните дипломати како реципрочна мерка, пренесуваат светските медиуми.

Летонија и Естонија на 18 март објавија дека протеруваат по тројца руски дипломати, додека Литванија изјави дека им кажала на четворица Руси дека мора да ја напуштат земјата. Дипломатите беа протерани во координиран потег „во врска со активности кои се спротивни на нивниот дипломатски статус, но и земајќи ја предвид руската агресија во Украина“, објасни тогаш летонското Министерство за надворешни работи на Твитер, пренесе Ројтерс.