Русија минатата недела соопшти дека ги завршила клиничките испитувања на „лесната“ верзијата на вакцината против Ковид-19 што е „привремено решение“ за помош на земјите со високи стапки на инфекција.
Москва изјави дека вакцината „Спутник V“, што се дава во две дози, ќе продолжи да биде главната вакцина за употреба во Русија.
Досега во Русија со двете дози се вакцинирани малку над четири милиони Руси, а други два милиона се вакцинирани со првата доза.
Но, генерално, само околу четири проценти од руското население е вакцинирано, што е заостанување зад стапката на вакцинација во другите земји, како САД или Велика Британија.
Рускиот претседател Владимир Путин (68) беше вакциниран минатиот вторник, но не е познато со која вакцина. Својата одлука да се вакцинира без камери, тој вчера ја образложи со изјавата дека „не сака да се глупира“ пред камерите, но, сепак, тој ги повика Русите да се вакцинираат.