По вчерашните немири и воведената вонредна ситуација, состојбата во Руската Федерација се нормализира.
Сите ограничувања на патниот сообраќај воведени поради кризата со Евгениј Пригожин и неговата војска „Вагнер“ се укинати, соопшти утринава Руската Федерална агенција за патишта Росавтодор.
„Сообраќајните ограничувања на сите патишта се укинати“, јави Росавтодор, пренесува ТАСС.
Претходно беа наметнати ограничувања на автопатските сектори во Ростов, Липецк, Тула и други региони на Русија.