Пет лица се повредени во руски напад врз пазар во градот Берислав во јужна Украина.

– Утринава Русите го нападнаа центарот на Берислав, го гранатираа градскиот пазар, објави на Телеграм Јарослав Јанушевич, гувернер на Херсонската област каде што се наоѓа Берислав.

– Се претпоставува дека нападот бил извршен од привремено окупираната Каховка, додаде тој.

Каховка се наоѓа на спротивната страна на реката Дњепар. Јанушевич рече дека од петмината повредени, три лица се во критична состојба.

Русите вчера нападнаа и делови од Херсонската област под контрола на Украина, при што загина едно лице, а четворица се повредени.