Таа изјави дека продолжува „силната финансиска помош“ за Украина и вели дека наскоро ќе започне распределбата на пакетот за поддршка од 18 милијарди евра.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во телефонски разговор со украинскиот претседател, Володимир Зеленски ја потврди поддршката на Европската Унија (ЕУ) за Украина во војната што ја започна Русија на 24 февруари, минатата година.

„На украинскиот народ му ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година. ЕУ стои со вас, онолку долго колку што е потребно“, напиша Фон дер Лајен на Твитер по нејзиниот прв телефонски разговор со претседателот на Украина во 2023 година.

Фон дер Лајен го посети Киев неколку пати откако десетици илјади руски војници ја преминаа границата на Украина од Русија и Белорусија кон крајот на февруари 2022 година. Нападот беше дочекан со цврста украинска одбрана на нејзината територија и невидени меѓународни санкции против Москва.

Таа, исто така, рече дека напорите за помош оваа зима ќе вклучуваат „генератори, светилки, засолништа и училишни автобуси“.

Фон дер Лајен рече дека со нетрпение очекува наскоро повторно да се сретне со Зеленски во Украина.