Марина Овсјаникова, руската новинарка која „влета“ во живо во информативна емисија на руската државна телевизија, држејќи транспарент против војната во Украина, е загрижена за својата безбедност, но, се надева дека нејзиниот протест не бил залуден, пренесе Скај њуз.

Таа истакна дека не планира да побегне од Русија и се надева дека нема да биде поднесена кривична пријава против неа.

На руските граѓани, новинарката им порача „да отворат очи во врска со пропагандата за војната во Украина“.

Рускиот суд и изрече парична казна од 30.000 рубљи – 280 долари, бидејќи „го прекршила законот за протести“ во моментот кога ја прекинала информативната емисија на државната телевизија и ја осудила војната во Украина.