Северна Кореја денеска лансираше „непознат проектил“, но тестирањето најверојатно е неуспешно, соопшти армијата на Јужна Кореја.

Се претпоставува дека проектилот е лансиран од аеродром вон главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг.

Северна Кореја неодамна лансираше неколку проектили од тој аеродром, вклучително и две за кои САД и Јужна Кореја наведоа дека се тестирале нов интерконтинентален балистички ракетен систем (ИЦБМ). Додека Пјонгјанг соопшти дека тестирал компоненти на извидувачки сателит.

Северна Кореја годинава често истрелува проектили, а денешното тестирање е десетто.