Руската полиција накратко го приведе и го испрашуваше Роман Анин, еден од водечките истражувачки новинари во земјата, во кривична истрага за која се сомнева дека е мотивирана од одмазда за неговите истраги за елитата на Кремљ.

Истражителите во петокот извршиле претрес во станот на Анин во Москва и заплениле телефони и друга електронска опрема и документи. Анин, основачот на iStories и еден од руските репортери кој работеше на истрагите за „Панама документите“, потоа бил однесен во полициска станица на распит. Тој одби да одговори на прашања. повикувајќи се на неговото право да не сведочи. Во понеделникот е повторно повикан на распит.

Случајот е поврзан со истрагата на Анин во 2016 година за близок сојузник на Владимир Путин, чија сопруга, напиша тој, се чини дека користела супер-јахта чија цена се проценува повеќе од 100 милиони американски долари „Новаја газета“, весникот што го објави написот со наслов „Тајната на принцезата Олга“, беше успешно тужен во рускиот суд од страна на шефот на „Роснефт“, Игор Сечин, кој рече дека написот нанел штета на неговата репутација.

Се чинеше дека тоа е крајот на приказната. Но, полицијата минатиот месец одеднаш ја обнови кривичната истрага во 2016 година за повреда на приватноста и го наведе Анин како сведок во случајот. Тој не е обвинет како осомничен.

Анин е еден од неколкуте руски истражувачки репортери кои искористија документи што протекоа за да се разоткрие внатрешното работење на Кремљ и оние блиски до Путин. Минатата година, iStories објави протечена е-пошта испратена и примена од поранешниот зет на Путин, изложувајќи го богатиот начин на живот што го уживала една од ќерките на Путин. Минатиот месец, iStories објави статија во која се тврди дека има врски помеѓу висок командант на ФСБ и криминалното подземје.

Уредничкиот одбор на „Новаја газета“, весникот што го објави написот во 2016 година, напиша дека Анин бил мета на повеќе кривични истраги.

– Сè што се случува во моментов со Роман Анин е одмазда, напиша весникот.

Анин беше ослободен од полициски притвор доцна во петокот вечерта. Во забелешките пред новинарите, тој рече дека истражителите „однеле сè. Ги зедоа сите мемориски стикови, сите компјутери, вклучувајќи ги и оние што не беа мои. Зедоа телефони што не ми припаѓаа мене. Тие зедоа документи“. Тој потврди дека случајот е врзан за приказната за супер-јахтата, додавајќи дека таацелосно се засновал на јавни фотографии достапни на Инстаграм.