Холандскиот премиер Марк Руте денеска, по пристигнувањето на седницата на Европскиот совет во Брисел, изјави дека Унгарија, „со својот закон според кој се дискриминира ЛГБТ заедницата, нема што повеќе да бара во Европската унија“.

– За мене тие (Унгарците) веќе нема што да прават во ЕУ, но јас не одлучувам сам. Има уште 26 земји“, рече Руте и додаде дека ЕУ е „заедница на вредности “.

Во средината на јуни, унгарскиот Парламент донесе закон со кој се забранува „промовирање“ на небинарни родови кај малолетници.