МЗТ Скопје Аеродром во сабота го игра првиот официјален натпревар во новата сезона, во натпреварот за Суперкупот „Драган Василов Цевка 2026“ против Куманово, во спортската сала во Куманово со почеток во 18:00 часот.

Капитенот Дамјан Стојановски нагласува дека од вкупниот пристап на тимот ќе зависи исходот на мечот.

„Новата сезона, во која имаме голем број на обврски, ја започнуваме овој викенд со натпреварот од Суперкупот. Полека се подготвуваме за тоа и мислам дека сè ќе зависи од нас. Од нашата енергија, пред сè, и од играта во одбраната. Мислам дека ќе се прикажеме во добро светло и дека ќе победиме.“

Стојановски потенцира дека енергијата и одбраната ќе бидат клучни фактори уште од првата минута на средбата.