Американскиот национален празник Денот на независноста денеска го слави споменот на 4 јули 1776 година, кога била усвоена Декларацијата за независност, односно била прогласена независноста на САД од Велика Британија.

Со бројни манифестации низ мноштво градови низ САД и во Вашингтон празникот ги слави историјата, политичката традиција и американскиот начин на живот.

Гласот на Америка јави дека постои очигледна разлика во начинот на славење на празникот во споредба со претходната година. Минатата година многу Американци не го прославија празникот поради епидемијата на коронавирусот.

Се проценува дека околу 47 милиони Американци за време на празникот ќе патуваат со авион или автомобил, наведува Американското здружение на возачи на автомобили. Тоа претставува зголемување за 40 проценти во споредба со минатата година.