Талибанските борци денеска го зазедоа стратешки важниот авганистански град Газни и сега се на само 150 километри од Кабул.

„Амбасадата на САД ги повикува своите граѓани лоцирани во Авганистан веднаш да ја напуштат државата користејќи достапни комерцијални летови“, се вели во соопштението на амбасадата.

„Со оглед на безбедносните услови и намалениот персонал, способноста на американската амбасада во Авганистан да им помогне на своите граѓани е многу ограничена дури и во Кабул“, се вели во соопштението.

На 27 април, САД им наредија на службениците да ја напуштат амбасадата во Кабул, доколку можат да ја вршат својата работа на друго место, наведувајќи го како причина зголеменото насилство во градот.