По онлајн средбата со претставници на Белата куќа, што се одржала во американската амбасада во Сараево, ресорното државно министерство објави дека е договорена донација од половина милион дози на вакцини, што треба да биде доставена до крајот на јули. Тие изјавија дека вакцините Фајзер ќе пристигнат во една пратка.

Властите на БиХ досега набавија мали количини вакцини, а голем проблем е фактот што одделот за здравство им е доделен на ентитетите, а не на државата.

Епидемијата на коронавирус во Босна и Херцеговина постепено се смирува. Денес, според официјалните податоци, имало 26 новоинфицирани, додека две лица починале како резултат на инфекцијата. Од почетокот на епидемијата во БиХ, заразени биле 204.936 лица, додека починале 9.653 лица.