Минатата недела, Фајзер побара одобрение за итна употреба за неговата вакцина кај деца на возраст од 12 и 15 години.
– Ова е важен чекор во борбата против пандемијата. Овозможува помладата популација да биде заштитена од Ковид-19, рече Џенет Вудкок, вршител на должноста шеф на ФДА.
Советникот во Белата куќа, имунологот Ентони Фаучи, на крајот на февруари објави дека децата во САД на возраст под 12 години најверојатно ќе бидат вакцинирани против коронавирусот на почетокот на 2022 година.
Досега вакцината беше дозволена за лица над 16 години.