– Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти, напиша Прајс на Твитер.

РТС, повикувајќи се на европски дипломатски извори, јави вчера дека Западен Балкан ќе биде една од темите на средбата на американскиот претседател Џозеф Бајден со лидерите на ЕУ следната недела во Брисел

Американскиот претседател пред неколку дена издаде нова извршна наредба за конфискација на имот и забрана за влез во САД на лица кои се закана за безбедноста на Западен Балкан. Со последната одлука на Бајден, се проширува опфатот на санкциите и врз оние лица или ентитети што ги загрозуваат Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор.