САД денеска ќе објават нов пакет помош за Украина во висина од 725 милиони долари, што ќе вклучува муниција и воени возила.

Како што јавија дел од американските медиуми, новиот пакет е прва воена помош за Украина по обемните ракетни удари на Русија врз низа украински градови.

Според официјани лица кои побарале анонимност, роковите за доставка на новиот пакет помош како и конкретната содржина може да се променат.

Се прецизира дека пакетот не содржи противракетни системи, какви што може да се видат деновиве снабдени од сојузниците, но дека е разработен за засилување на способноста на Украина да ги одбива руските напади кога нејзините сили се во контраофанзива. Ова придонесе големи територијални освојувања на војската на Украина во изминатите недели.