Со убедливата победа против Портланд во „Орегон“ со 120-80, кошаркарите на Сакраменто и дефинитивно обезбедија пласман во плеј-офот.
„Кралевите“, кои имаат скор 46-30, моментално се трети во Западната конференција и се враќаат во разигрувањето за титулата по 17-годишен пост.
Воедно, со ова е ставен крај на најдолгиот активен плеј–оф пост во американскиот професионален спорт, сметајќи ги четирите најпопуларни спортови во Сoединетите Американски Држави (кошарка, бејзбол, хокеј, американски фудбал) бидејќи ниедна активна екипа до моментов не отсуствувала толку долго од плеј-офот како Сакраменто.
Второто полувреме во „Орегон“ Сакраменто го доби со неверојатни 70-34, а најдобри беа Малик Монкс со 19 поени, Диарон Фокс со 18 и Ертер со 17 поени. Во поразениот тим, кој е 13-ти на Западот со скор 32-44, Шидон Шарп запиша 30 поени, а Кевин Нокс имаше 12 и 12 скока.
Во неверојатен меч во Индијанаполис, Милвоки Бакс ја совлада Индијана Пејсерс со 149-136 и со учинок 55-21 го обезбеди првото место во Источната конференција. Бакси во третиот квартал постигнаа дури 46 поени и тука ја направија потребната разлика за високата победа.