Поранешниот министер за здравство Беким Сали, од редовите на Алтернатива, преку социјалните мрежи ги нападна СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците дека нивното партнерство во Влада е иницирано од Груевски.
-Стратешкото партнерство меѓу ДУИ, Алијанса и СДСМ отсекогаш било креирано, поддржано и иницирано од Груевски. И покрај сите напори за прикривање од минатото, – контроверзи, навреди, критики, тепања – тие отсекогаш биле синхронизирани и уникатни партнери. Тие ги искористија овие инциденти само како трик за камуфлирање на корупцијата и меѓусебните семејни бизниси поврзани со години, пишува екс министерот Сали.
Извор: Express.mk.