Сепак, како што пренесуваат денеска британските медиуми, Салах за продолжување на верноста бара енормно зголемување на својата плата, која годишно би изнесувала меѓу 17.6 и 22 милиони евра.
Во случај Ливерпул да му понуди плата од 22 милиони евра, Салах би бил третиот најплатен фудбалер во Премиер лигата, веднаш зад Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед и Кевин Де Брујне од градскиот ривал Манчестер сити.
Салах дојде во Ливерпул во 2017 година од редовите н Рома во трансфер вреден 42 милиони евра.