Тоа се прави за да се намали притисокот врз вакциналните пунктови по здравствени домови, каде што изминативе две недели има гужви и се вакцинираат по над 10 илјади граѓани дневно. Масовната вакцинација во салата „Борис Трајковски“ почна во април, а пунктот беше затворен на крајот на јули.
„Добро се одвива процесот на имунизација во сите пунктови. Во поголемите вакцинални пунктови во Скопје, Бит Пазар, Јане Сандански, Букурешт и Ѓорче Петров се работи во две смени, во сабота само во една, а во сите други градови согласно распоредот на вработените. Имајќи го предвид големиот притисок, во среда, најкасно четврток ќе се отвори повторн салата ‘Борис Трајковски’, за што дел од вработени во Здравствен дом, кои беа на годишни одори ги прекинаа порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде помалата сала, не големата, но ќе има 20-тина места за вакцинација. Верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите кои ги имаме пред здравствените домови“, изјави Филипче на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство.
Бројката на вакцинирани со барем една доза е 652.340, а целосно вакцинирани се 499.934 граѓани, заклучно со вчера. Министерството за здравство објави дека прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани. Вкупно досега се аплицирани 1.152.274 дози вакцини.