Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, објави видео од разговорот со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

Видеото премиерот го објави на својот профил на Фејсбук, со кратка порака:

„Разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

Македонско-американско стратешко партнерство.“

Мицкоски и Рубио неодамна разговараа за билатералните односи и натамошното продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.