Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на денешните парламентарни избори.

Во својот говор, Орбан рече дека „изгледа прилично добро, можеби никогаш подобро“.

„Ова е голема победа. Освоивме толку многу што може да се види од Месечината, а секако и од Брисел“, рече Орбан.

Според првичните резултати, владејачката партија Фидес на премиерот Орбан има убедлива предност пред обединетата опозиција.

Резултати од 74,52 проценти од обработените избирачки места:

Фидес: 54,45 проценти
Обединети за Унгарија: 33,72 отсто
Движење на нашата татковина: 6,40 отсто

Состав на Парламентот:

Фидес: 135 пратеници
Обединети за Унгарија: 57 пратеници
Движење на нашата татковина: 7 пратеници

Во Будимпешта се гласаше во 3.154 избирачки места и 23 области, јави агенцијата МТИ.

Кандидат на опозицијата за премиер е Петер Марки-Зај, кој во моментов е градоначалник на Ходмезевашархел, град во јужна Унгарија.
Коалицијата Обединети за Унгарија, која обединува шест опозициски партии со широк политички спектар – од либералите, преку центарот, до десното крило, ги здружи силите за да ја собори десничарската Фидес, но по се не успеаја.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати мисија за набљудување на изборите во Унгарија, вклучувајќи 18 долгорочни набљудувачи и 200 други на денот на изборите.