-Како дел од владиното мнозинство, нашата заедничка цел е напредокот на нашата земја во сите сфери, а особено во делот на економијата, вработувањето и влезот на Македонија во Европската Унија,“ се додава во соопштението.
Покрај соработката на национално ниво, со СДСМ интензивно соработуваме и на локално ниво. На 31 октомври, на вториот круг од гласањето за локалните избори, СРМ како партија со своето членство, ја дава целосната поддршка за заедничката коалиција НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА.
И Партијата за целосна еманципација на Ромите-ПЦЕР со поддршка на владината коалиција.
– Владината коалиција е стабилна, владиното мнозинство е стабилно и работиме исклучиво во интерес на граѓаните, продолжуваме за подобро заедно со нашиот коалиционен партнер СДСМ“, велат од ПЦЕР