Финска денеска одлучи на 24 ноември да затвори уште три гранични премини со Русија, што значи дека со таа земја ќе ѝ остане отворен уште само еден премин, а одлуката денеска ја соопшти премиерот Петери Орпо.
Финска прибегна кон овие мерки бидејќи верува дека Москва го организира напливот на илегални мигранти на нејзините граници.
„Отворен ќе остане само преминот Раја-Јосепи“, рече Петери Орпо на прес-конференција.
Финска и Русија делат копнена граница долга повеќе од 1.000 километри.
Финска, некогаш воено неутрална земја, се приклучи во НАТО откако Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина и окупираше дел од нејзината територија.