Полициски службеници од СВР Струмица на 28 ноември 2026 година го лишија од слобода 44-годишниот О.Х. од Струмица. Според пријавеното во полицијата, тој истиот ден околу 09:45 часот на јавно место во градот се самозадоволувал пред други лица.
Откако лицето било приведено во просториите на Полициската станица Струмица, врз него бил извршен претрес при што полициските службеници пронашле марихуана.
За преземените мерки бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
