-На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 48 мерки за возење под дејство на алкохол, 26 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, шест за користење мобилен телефон, 11 за возач почетник.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.