Арсовска со лаги ја покрива својата неспособност, проектот за Универзална сала е стручен и целосно безбеден Данела Арсовска мисли дека со лаги може да се покрие нејзината неспособност и неработење, велат од СДСМ

Во продолжение соопштението.

Откако го стопираше проектот за изградба на Универзална сала, по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, Арсовска вчера ги излажа граѓаните.

Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен од стручни лица и целосно е безбеден.

Овој проект е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен. Одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот за изградба ги има одобрено сите градежни зафати.

Сите постапки и процедури за изградба на Универзална сала се запазени во целост.

Крајно време е Арсовска да престане да лаже и да се поигрува со трпението на скопјани и да почне да го работи она за што е избрана.