Интегралното соопштение на СДСМ го пренесуваме во продолжение:
Во таа насока, во делот на ученички стипендии за средношколците, од новата учебна година ќе се доделуваат 14 различни категории на стипендии и сите ќе бидат во износ од 3.500 денари. Тоа е двојно зголемување споредено со периодот од пред само две до три години.
Стипендиите за студентите ќе се доделуваат во 11 категории, каде најбројни се стипендиите за социјална поддршка на студенти и за студенти со висок просечен успех.
Износите се изедначуваат за 9 категории и ќе изнесуваат 6.050 денари месечно, што е сериозно зголемување имајќи предвид дека тие досега се движеа од 3.300, 4.000 до 4.400 денари месечно, а сега се зголемуваат и изедначуваат на 6.050 денари.
Стипендиите кои се доделуваат на студенти запишани на програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.
За првпат по повеќе од една деценија се враќаат стипендиите за постдипломски студии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари. Ова е пример за вистинска грижа за младите од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Како одговорна социјалдемократска партија остануваме посветени на креирање мерки и политики кои го унапредуваат младинскиот стандард. Младите се нашата иднина и влогот во нив е влог во развој на нашето општество