СДС и Филипче повторно се пазарат – Резолуцијата со црвени линии ја потчинува Македонија
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС и Филипче повторно се пазарат со Бугарија за лична корист, игнорирајќи ги македонските државни интереси. Според партијата, политичкото раководство на СДС ја користи резолуцијата со „црвени линии“ како параван за преговарање. Наместо тоа, тие треба да ги штитат националните позиции.
Следи целото соопштение:
„СДС и Филипче пак се пазарат со Бугарија, еднаш веќе подметнаа француски предлог, сега повторно се пазарат на штета на македонските интереси.
СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се спремни да направат се, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихачка.
СДС и Филипче овој пат како параван за предавството, ја користат резолуцијата со „црвени линии“ на штета на македонските државни интереси.
Резолуцијата со црвени линии на СДС и Филипче не е патриотски чин за Македонија таа е маска позади која се преговара, пазари и дополнително се потчинува и понижува Македонија.
Филипче да каже на јавноста што договорил во четири очи со Бугарија?
Филипче да одговори на јавноста што ветил на Софија, за што се испазарил и која е цената што Македонија ќе ја плати?
Филипче да каже дали по стапките на неговиот ментор Заев сега тој ја превзема улогата да ја заврши работата што ја започнаа Бујар Османи и Заев за да ги распродаваат државните интереси?
Народот памети и нема да дозволи да биде изигран. Народот ги препознава игрите на СДС и Филипче за потчинување на Македонија и македонските позиции. Токму затоа СДС и Филипче на овие избори ќе доживеат огромен пораз.
Доколку Филипче е искрен во намерите тогаш би ги поддржал позициите на Владата а не да се пазари и да се обидува политички да профитира на штета на националните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ останува да ги штити македонските национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да биде понижена и уценувана. Време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“