Кандидат на СДСМ за градоначалник на Струмица на претстојните локални избори ќе биде претседателот на општинската организација на партијата Марјан Даскаловски, а не актуелниот градоначалник Костадин Костадинов, информираше вечерва на прес-конференција првиот социјалдемократ, Венко Филипче.
Во Охрид, СДСМ ќе настапи со д-р Асен Шајн, додека пак кандидат за градоначалник на Дебрца ќе биде Љупчо Паунковски.
„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници да бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување, а не поделба на партијата“,изјави Филипче.
Тој соопшти и други имиња на кандидати за градоначалници: за Општина Карбинци – Љупка Соколовска, Општина Василево – Ванчо Новоселски, Општина Сопиште – Звонко Васев (претседател на ОО СДСМ Сопиште),Општина Јегуновце – Дарко Блажевски (поранешен градоначалник), Општина Демир Хисар – Златко Кузмановски (претседател на ОО СДСМ Демир Хисар).