Во продолжение интегрален текст од соопштението на СДСМ:

Македонскиот јазик, идентитет, македонската посебност, не е во никаква преговарачка рамка, порача од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Марија Костадинова.

Таа додаде дека од опозицијата се нервозни и секогаш кога немаат храброст да донесат одлука се кријат зад народот, но треба да знаат дека за идентитетот не се преговара.

„Ако не си го знаете идентитетот, да ве потсетам во 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога си го баравте античкиот идентитет, кога Блаже Конески го викавте џуџето од Небрегово, кога го лустриравте Славко Јаневски, кога ги погазивте преродбениците, кога ги затваравте лекторатите низ Европа, нагласи Костадинова. Што направивте за идентитетот? Го навредивте Коневски, го навредивте Славно Јаневски, ги навредивте сите преродбеници и денес ширите лажни вести, и денес велите дека македонскиот јазик и идентитет се погазени и се криете зад народот, нагласи Костадиновска, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ жали за изгубениот антички идентитет.

Јазикот ќе стане рамноправен со сите и во сите држави на Европската унија, јазикот за кој вашиот лидер не знае во која година е кодифициран ќе се говори рамноправно во сите земји на ЕУ, порача пратеничката на СДСМ Марија Костадиновска во реплика на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.