– Информациите дека Драгана Спасевска, предводничката на групата „Учебници и настава мора да има“, која се спротивставува на реформите во образованието, е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека зад бојкотот на наставата стои партијата предводена од Христијан Мицкоски. Со ова се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ свесно злоупотребува ученици и родители заради партиски цели, додаде таа.

Наумовска смета дека зад повиците за бојкот стои ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ на штета на учениците и образовниот систем повикува на бојкот на наставата, шири лажни вести и измислици околу некакви провизии и тендери. Апелираме до учениците и нивните родители, да не дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски цели на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Бојкот на наставата е на штета на учениците кои губат од воспитно образовниот процес.Случувањата по најавените реформи во образованието се само еден од повеќето мали пожари што ВМРО-ДПМНЕ ги потпалува за да создава тензии во општеството, порача таа.

Според неа образованието кое ВМРО-ДПМНЕ го остави по нивното 11 годишно урнисување денеска се реформира, се осовременува по европски стандарди.

– Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со реформите кои обезбедуваат модерен, ефикасен образовен систем, па затоа по секоја цена шири лажни вести, опструира и злоупотребува ученици и родители, порача Наумовска.