Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот Венко Филипче. По катастрофалните политики и скандали кои се нижат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја губат поддршката од ден во ден. Мицкоски треба да знае дека неговата пропаганда е прочитана како буквар и нема да ги препокрие скандалите на неговата Влада, велат од СДСМ.
„Методите на постојани прес конференции и заплашување на граѓаните се поразија уште пред речиси десет години. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ за да го одвлече вниманието од сопствената глупост, само го потврдува широко распространетото мислење дека ова е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето.
Наместо ВМРО-ДПМНЕ да глуми таблоид кој сее шпекулации и апелира, повелете докажете си ги сите обвинувања. Кога владејачка партија која има двотретинско мнозинство само апелира наместо да делува, тоа само ја потврдува нејзината неспособност. Престанете да глумите опозиција, фатете се за работа граѓаните веќе ја препознаваат измамата“, тврдат од СДСМ.