Интегралното соопштение го пренесуваме вопродолжение:
Напредокот и развојот на општините е можен само преку соработка. Затоа, соработката меѓу градоначалникот, членовите на локалниот совет и централната власт е нужна за да продолжи развојот на општините кои одлучиле да одат напред.
Развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети, бидејќи гласот за најдобриот градоначалник оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Нема подобро решение од тоа да гласаме за соработката меѓу најдобриот кандидат за градоначалник и најдобрите кандидати за советници кога од спротива се закануваат блокади. Затоа, ве повикуваме, в недела, да гласаме за кандидати за градоначалници кои соработуваат и ќе реализираат проекти, а не за оние кои блокираат и опструираат. Да гласаме за развојот кој го нудат советите на СДСМ, а не за блокадите со кои се заканува ВМРО-ДПМНЕ. Да не им дозволиме да блокираат градинки, училишта, улици, водоводи, канализации, паркови. Сите сме сведоци на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Поднесоа илјадници амандмани за да не стигне економската помош кај граѓаните, за да не се гради нов Клинички центар, за недела да не биде неработен ден за работниците. Но, нивните блокади кога се малцинство, не можат да му наштетат на народот. Токму затоа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат малцинство во советите. Гласајте за советници кои ќе бидат одговорни кон својот народ, кои ќе соработуваат со централната власт.