– За 27 години, колку што беа на кормилото на Град Скопје денар не потрошија за набавка на опрема и сега соочени со набавката, креираат наводни скандали. Ништо не набавија, а потрошија милиони на споменици и лажен барок, додека градови од регионот, како Загреб сериозно вложуваа во опремување на противпожарните служби со нова современа опрема, се вели во соопштението од СДСМ.
Оттаму порачуваат дека скопјани бргу ќе се уверат колку е зголемена безбедноста во градот и добро знаат што остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе – запалливи фасади, лавови, жални врби и стиропор што глуми мермер.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Шилегов и градските власти платиле ДВАПАТИ повеќе пари за истото пожарникарско возило кое го купило Град Загреб.