Во спротивно, лицето ќе треба да приложи негативен резултат од ПЦР-тест, антигенски тест или доказ за прележан ковид-19 не постар од шест месеци. Ова правило било објавено на веб-страницата на хрватската полиција, пренесува „Нова“.
На списокот со вакцини што ги признава Хрватска се оние одобрени од Европската агенција за лекови, но и „Спутник V“ и „Синофарм“. Хрватска претходно најавила дека ќе биде една од првите држави на Балканот што ќе ги вакцинира своите жители со трета доза вакцина против ковид-19.
Кога станува збор за Австрија, за влез е потребен сертификат за вакцинација со кој се докажува дека од примањето на втората доза поминале најмногу девет месеци. Во спротивно, потребен е доказ за негативен резултат од ПЦР-тест, антигенски тест или доказ за прележан ковид-19 пред не повеќе од 6 месеци.
Може да се помине границата и со потврда за присуство на антитела не постара од три месеци.