Утрово е подобрена е ситуацијата во Затон и Раслина, местата кои се најпогодени од пожарот во областа Шибеник, соопшти хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, пренесува ХИНА.

Нема големи огнени фронтови и неконтролирано ширење кон Водице. Временските услови поповолни, напиша Божиновиќ на Твитер.

Според претходните информации, на целото подрачје има околу 300 пожарникари, а на подрачјето на Затон и Раслина има 25 возила, околу седумдесет пожарникари и 25 припадници на вооружените сили.

Во големиот пожар што избувна вчера меѓу Шибеник и Водице, уништени се дваесетина куќи, но нема повредени луѓе.