Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче ќе има лично обезбедување иако веќе не е министер за здравство, потврдија од Министерството за внатрешни работи за Фокус.
Филипче за Фокус вели дека не е точно дека имал смртни закани, но потврдува дека ќе има обезбедување.
Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци – вели Филипче за Фокус.