Таткото на Матеј Периш, Ненад за Телеграф.рс потврдува дека српската полиција го информирала дека во водите на Дунав е пронајдено тело на млад маж кој по описот и гардеробата би можел да одговара на неговиот син кој исчезна на новогодишната ноќ.
-Мора да се спореди ДНК, но по облеката пронајденото момче одговара на Матеј. Ете, тоа е она што можам да ви го кажам, немам засега ништо повеќе. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина е вистина и со неа ќе мора да се соочам, јас и моето семејство. Тоа е така, повеќе не можам ништо да кажам. Многу ми е тешко. Ќе дојдам во Белград, изјавил Ненад Периш.
За потсетување српските медиуми објавија дека утринава е пронајдено тело на млад маж кој на себе имал имал фармерки, маица со апликација и една бела патика. Ваквиот опис првично одговара со описот на Матеј Периш.
Полицијата го извлекла телото, а на терен се форензичари.