Според податоците на Министерството за здравство, досега вкупно се аплицирани речиси 190.000 дози вакцини, а ревакцинирани се 26.415 граѓани.

Со одлука на Владата следува отворање на нови пунктови за масовна имунизација во градовите Велес, Струмица и Прилеп.

Сите вакцини се безбедни за здравјето на граѓаните, се вели во партиското соопштение на СДСМ и затоа апелираат секој граѓанин да се пријави за вакцинација да се вакцинира во потврдениот термин и на тој начин да се заштити од коронавирусот.