Од статистика соопштија, дека во редовните основни училишта имало 186 706 ученици на крајот на учебната 2019/2020 година.
Во редовните средни училишта, пак, бројот на ученици на крајот на учебната 2019/2020 година изнесувал 68 273, што е намалување за 2.5 отсто во однос на претходната учебна година.
ДЗС објави податоци за ученици според јазикот на кој се изведува наставата, податоци за училишта, паралелки и наставници, како и за успехот на основците по одделенија на крајот на минатата учебна година. Објавата содржи и податоци за бројот на ученици во специјалните основни и во основните училишта за возрасни.
Исто така, можете да погледнете податоци и за ученици и наставници во редовните средни училишта според јазикот на кој е изведувана наставата во 2019/2020 година и за успехот на учениците во овие училишта, како и за верските и за специјалните средни училишта.