Педесет и четири лица се повредени при превртување на двокатен автобус во англиската област Сомерсет на југозападот на земјата, јави Би-би-си.

Во автобусот имало 70 работници на нуклеарната централа „Хинкли Поинт Ц“, а несреќата во која учествувал и мотоциклист, се случила на замрзнат пат.

На сите повредени им била укажана помош на местото на настанот, а според портпаролката на полицијата, нема жртви.

Инспекторката Ребека Велс-Кол рече дека 26 од 54 повредени биле способни да одат и покрај повредите и дека им била укажана помош во блиските градови Бриџвотер и Бристол. За мал број патници неопходна била хируршка интервенција.