Двајца веќе се изведени пред судија
Истрагата поврзана со случајот во Фудбалската федерација на Македонија продолжува со нови процесни дејствија, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција обезбеди уште четири лица кои досега не им биле достапни на органите на прогонот.
Од Обвинителството информираат дека двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка.
Судијата на претходна постапка за едно од лицата определил мерка притвор, додека за вториот осомничен биле изречени мерки за обезбедување на неговото присуство во текот на постапката.
Од Обвинителството посочуваат дека и преостанатите две лица, кои се опфатени со предметот, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во текот на утрешниот ден.
