Пред една недела, СЗО го класифицираше вирусот како „под опсервација“ (ВОИ, варијанти од интерес), бидејќи беше потврден во 29 земји, а седум од нив се земји од Латинска Америка, Бразил, Колумбија, Еквадор, Мексико, Аргентина, Перу и Чиле, пишува Дојче веле.

Варијантата ламбда прв пат се појави во август 2020 година во Перу, а скоро една година подоцна, тој вид доминира таму со 82 проценти, додека во Чиле во моментов предизвикува секоја трета инфекција.