Првата дама на САД Џил Бајден е позитивна на коронавирусот, објави Белата куќа.

– Првата дама вечерва беше позитивна на Ковид-19. Моментално има само благи симптоми. Таа ќе остане во својот дом во Делавер – изјави нејзината портпаролка Елизабет Александра.

Американскиот претседател Џо Бајден (80) бил негативен, додаде Белата куќа. Официјален претставник на администрацијата изјави за Си-Ен-Ен дека во овој момент нема промени во протоколите за Ковид на Белата куќа или во агендата на претседателот.

Дијагнозата на првата дама доаѓа во време на напорна недела за Џо Бајден, кој претходно истиот ден одржа говор за Денот на трудот во Филаделфија.

Американскиот претседател треба да му го додели Медалот на честа на армискиот капетан на церемонија во Белата куќа во вторник, пред да замине на самитот на Г20 во Индија во четврток.

Минатото лето во август, првата дама на САД беше позитивна на коронавирус додека беше на одмор во Јужна Каролина. Бајден беше позитивен минатиот јули.