Втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици.
Вакцината Синовак не се препорачува за лица помлади од 18 години, а повеќе испитувања се во тек.
Според информациите на веб-страницата на СЗО достапните податоци за вакцината Синовац-КоронаВак (КОВИД-19) кај бремени жени не се доволни за да се процени ефикасноста на вакцината или можните ризици поврзани со вакцините во бременоста. Ефективноста на вакцината Синовац-КоронаВак (КОВИД-19) кај бремени жени се очекува да биде споредлива со онаа забележана кај небремени жени на слична возраст. Понатамошни студии се очекува да ја проценат безбедноста и имуногеноста кај бремени жени.
Во меѓувреме, СЗО препорачува употреба на вакцина Синовак кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. За да им се помогне на бремените жени да ја направат оваа проценка, треба да им се дадат информации за ризиците од КОВИД-19 во бременоста; веројатните придобивки од вакцинацијата во локалниот епидемиолошки контекст; и сегашните ограничувања на безбедносните податоци кај бремени жени. СЗО не препорачува тестирање на бременост пред вакцинацијата. СЗО не препорачува одложување на бременоста или размислување за прекинување на бременоста поради вакцинација.
СЗО вакцинацијата со Синовак ја препорачува за лица со коморбидитети, за кои е утврдено дека се во повисок ризик да заболат од Ковид-19, вклучувајќи дебелина, кардиоваскуларни болести и респираторни заболувања.
Вакцината може да се понуди на луѓе кои веќе прележале Ковид-19. Достапните податоци покажуваат дека симптоматската реинфекција е малку веројатна кај овие лица до 6 месеци по природната инфекција. Следствено, оваа група на луѓе може да избере да ја одложи вакцинацијата поблиску до крајот на споменатиот период од шест месеци.
Ефективноста на вакцините се очекува да биде слична кај жените кои дојат, како и кај другите возрасни. СЗО препорачува употреба на вакцина Синовак кај жени кои дојат, како и кај други возрасни лица. СЗО не препорачува прекинување на доењето по вакцинирањето.
Лицата кои живеат со ХИВ или кои се имунокомпромитирани имаат поголем ризик да заболат од Ковид-19. Таквите лица не беа вклучени во клиничките испитувања и затоа треба да се консултираат со лекар ако е тоа возможно.
СЗО не препорачува вакцинација со Синовак за лица со историја на анафилакса (сериозна алергиска реакција која започнува ненадејно и може да предизвика смрт).
Лицата кои се позитивни на Ковид-19 не треба да се вакцинираат сè додека не се опорават и не бидат исполнети критериумите за крај на изолацијата.
Секој со телесна температура над 38,5 ° C треба да ја одложи вакцинацијата се додека веќе нема треска.
Стратешка советодавна група на експерти на СЗО (САГЕ) темелно ги процени податоците за квалитетот, безбедноста и ефикасноста на вакцината и препорача нивна употреба за лица на возраст над 18 години.
Безбедносните податоци во моментов се ограничени за лица над 60-годишна возраст поради малиот број учесници во клиничките испитувања.
Сепак, земјите кои размислуваат да ја користат Синовак вакцината кај лица постари од 60 години треба активно да ја следат состојбата имунизирани со оваа вакцина.